24фудбал

Драма со шест голови, Наполи освои само бод, а секунди го делеа до победа (ВИДЕО)

Сасуоло и Наполи одиграа нерешено 3-3, Наполитанците првото водство го имаа во 89. минута, а до крајт успеаа да го прокоцкаат, Елмас одигра 25 минути.

Италија

Исклучително интересен натпревар одиграа Сасуоло и Наполи кој заврши без победник.

Инсиње даде гол во 22. минута, но ВАР му го поништи поради офсајд. Десет минути подоцна Максимовиќ си постигна автогол за водство на Сасуоло од 1-0.

Во 38. минута Зиелински даде убав гол од далечина за 1-1, но во судиското продолжение од првиот дел Берарди од пенал го врати водството на Сасуоло.

Елмас во игра влезе во 67. минута, а пет минути подоцна по асистенција од Инсиње, Ди Лоренцо изедначи на 2-2.

Во 89. минута Инсиње од пенал погоди за прво водство на Наполи на мечот, 3-2, и кога се чинеше дека ќе ги освојат трите бодови, пенал беше свирнат и за Сасуоло, Капуто погоди за конечни 3-3. Уште еден тажен ден за Гатузо.