24фудбал

Јувентус нема да го чека крајот на сезоната, уште сега го купи Мекени, за Американецот ќе плати 25 милиони евра

„Старата дама“ попладнево соопшти дека е активирана опцијата за перманентен трансфер на Вестон Мекени, на Шалке ќе му бидат платени 18,5 милиони евра, плус додатни 6,5 милиони евра во бонуси

Италија

Вестон Мекени пред почетокот на сезоната пристигна во Јувентус на позајмица, но за кратко време ги импресионираше сите.

Па Јувентус нема да го чека крајот на сезоната и уште сега реши во целост да го купи Американецот.

„Старата дама“ попладнево соопшти дека е активирана опцијата за перманентен трансфер и ги откри деталите од зделката.

На Шалке ќе му бидат платени 18,5 милиони евра на три рати, како и додатни 6,5 милиони евра во бонуси.

Вестон Мекени со Јувентус ставил потпис на договор до 30. јуни 2025 година.