24фудбал

Гвардиола го прокоментира апсењето на Бартомеу и Барсагејт скандалот

На прес-конференцијата по синоќешната победа над Вулвс, Пеп Гвардиола беше запрашан и за актуелните случувања во Барселона.

Шпанија

Скандалот „Барсагејт“ и апсењето на поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу се топ тема во Шпанија во изминатите денови.

На Пеп Гвардиола му беа поставени прашања за непријатните случувања во неговиот поранешен клуб.

„Ова е многу непријатна ситуација за Бартомеу кој е невин додека не се докаже спротивното. Се надевам дека се ќе се заврши на најдобар можен начин и правдата ќе победи“, вели Пеп Гвардиола.

И покрај неговото пријателство со Лапорта, тој беше воздржан на прашањето за престојните избори во Барселона.

„Чекам да видам што ќе се случи во недела. Морам да им честитам на тројцата кандидати за кампањата во ваква тешка ситуацијата порад се што се случуваше во Барселона и поради коронавирусот. Ќе следам во недела, без сомнение“