24фудбал

Реал Мадрид во самиот финиш се спаси од пораз против Сосиедад (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Реал Сосиедад ги поделија бодовите играјќи 1-1, кралскиот клуб во последните моменти од мечот избегна пораз.

Шпанија

Реал Мадрид со повеќе отсутни играчи во тимот за малку не доживеа пораз на свој терен од Сосиедад.

Тимот на Зидан доминираше во првото полувреме, но не ги искористи шансите. Казната дојде по десет минути игра во вториот дел кога Порту погоди со глава за водство на Сосиедад од 1-0.

Реал Мадрид долго се мачеше да се врати во мечот, конечно тоа се случи во 89. минута кога со гол на Жуниор Винисиус стигнаа до реми, 1-1.