24фудбал

Барселона најави целосна соработка со полицијата и ги прекина ВПН врските

Барселона се огласи по апсењето на поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу, „каталонците“ ветија целосна соработка со институциите и побара да се запази пресумпцијата на невиност.

Шпанија

Полиција утрово влезе во канцелариите на Барселона како дел од истрагата „Барсагејт“, беше уапсен поранешниот претседатеал Жозеп Мариа Бартомеу како и сегашниот генерален извршен директор Оскар Грау како и првиот човек на правната служба Рамон Гомез Понти.

Медиумите од Шпанија велат дека биле прекинати ВПН врските кои ги користеле луѓето кои работат од дома, а оние кои работат во канцеларија добиле забрана да пристапуваат до работните позиции.

Барселона се огласи, најави целосна соработка со судот и полицијата за да се расчистат фактите и побара да се запази пресумпцијата на невиност на луѓето кои се под истрага.