24фудбал

Чиро Блажевиќ: Шокиран сум, требаше јас да умрам, а не Крањчар

Легендарниот хрватски тренер, Чиро Блажевиќ е погоден од смртта на неговиот сонародник, Златко Крањчар кој беше негов пријател.

Останато

Денеска во Загреб на 64-годишна возраст почина легендата на хрватскиот фудбал, Златко Крањчар.

Чиро Блажевиќ кој минатиот месец наполни 86 години вели дека е шокиран од смртта на Златко Цицо Крањчар и требало тој да умре, а не неговиот пријател.

„Шокиран сум, не можам да станам од кревет. Не знам што би ви кажал. Пред некој ден се слушнав со неговиот доктор, знаев дека не е добар, но не мислев дека е до толку лошо. Сите чекаа јас да заминам, а отиде Цицо, мене ми е време да умрам, а не нему. Навистина сум многу тажен, не знам што друго да кажам“, изјавии Чиро Блажевиќ.

Блажевиќ му беше тренер на Крањчар во Динамо Загреб во периодот од 1980 до 1983.