24фудбал

Ливерпул стравува дека Клоп ќе замине, „црвените“ веќе ја пикирале неговата замена

Според пишувањата на Мирор, раководството на Ливерпул стравува дека Јирген Клоп ќе го напушти клубот за да го превзеде кормилото на Германија, па тие веќе го пикирале Стивен Џерард како негова замена.

Англија

Ливерпул оваа сезона игра под очекувањата, па често се шпекулира за заминување на Јирген Клоп. Неодамна, Билд објави дека има двојно поголеми шанси стратегот да ја превземе репрезентацијата на Германија отколку во целост да го одработи договорот со „црвените“.

Според пишувањата на Мирор и раководството на Ливерпул стравува дека Јирген Клоп ќе го напушти клубот за да седне на кормилото на „панцерите“.

Па тие веќе го пикирале Стивен Џерард како негова замена. Легендата на Ливерпул има одлична сезона со Ренџерс и е на прагот на титулата во Шкотска.