24фудбал

Имобиле промаши пенал, Сансоне ја искина мрежата на Лацио со волеј (ВИДЕО)

Болоња го изненади Лацио и го совлада со 2-0, Имобиле е трагичар откако промаши пенал и пропушти да донесе водство за својот тим.

Италија

По поразот од Баерн во Лигата на шампионите, Лацио вечерва загуби и во Серија А, избраниците на Инзаги со празни раце се враќаат од гостувањето кај Болоња.

Чиро Имобиле промаши пенал и пропушти да донесе водство за „бјанкочелестите“ а казната стигна само 80 секунди подоцна, Мбаје реализираше за 1-0.

Сите дилеми беа решени по дваесетина минути игра во второто полувреме, Сансоне закачи волеј од 5-6 метри и ја искина мрежата на Лацио.

За Синиша Михајловиќ ова беше мечот број 100 на клупата на Болоња, Србинот убавиот јубилеј го одбележа со победа против својот поранешен клуб.