24фудбал

Меси ја предводеше Барса до триумф над Севиља, „каталонците“ се доближија на два бода до Атлетико (ВИДЕО)

Лео Меси со гол и асистенција ја предводеше Барселона до триумф од 0-2 на гостувањето кај Севиља, „каталонците“ се доближија на два бода до Атлетико Мадрид, но имаа и два натпревари повеќе.

Шпанија

Пред две недели, Севиља славеше со 2-0 против Барса во Копа дел Реј, но вечерва избраниците на Куман беа тие кои се радуваа на победа во Ла Лига.

Лео Меси со гол и асистенција ги предводеше „каталонците“ до триумф од 0-2.

По половина час игра, Аргентинецот му додаде на Дембеле за 0-1 за на пет минути пред крајот по еден одличен продор, но со многу среќа и од втора да ја затресе мрежата на Боно за конечни 0-2.

Барселона сега е на само два бода до лидерот Атлетико, но има и два натпревари повеќе.