24фудбал

Ристовски: Не очекував дека по бурниот период во Спортинг, сега ќе играм осминафинале со Динамо

Динамо Загреб со нова победа над Краснодар се пласираше во осминафиналето во Лига Европа и денеска ќе го дознае следниот протидник.

Лига Европа

Адеми и Ристовски со Динамо Загреб ќе играат во осминафиналето од Лига Европа откако двапати го победија Краснодар и со вкупни 4-2 се пласираа во следната рунда.

Ристовски вели дека не очекувал ваков пресврт на сезоната за него, од лош период во Спортинг, до осминафинале со Динамо.

„Ова е награда за напорната работа на целиот тим. За мене ова е голема премија, не ни очекував дека по бурниот период ќе дојдам во Динамо и ќе се пласирам во осминафиналето од Лига Европа. Благодарен сум му на тимот што ми го овозможи тоа и се надевам дека ќе продолжиме вака да играме“, изјави Ристовски по мечот.

„Направивме се што требаше, не се отворивме, ги чекавме, постигнавме гол и поминавме понатаму. Немам некоја посебна желба за ждрепката, сакам само да ја прославам победата, а потоа што биде нека биде“.