24фудбал

Наполи го одбра наследникот на Гатузо, тренер кој добро го познава клубот

Според „Тутоспорт“, Наполи веќе го има пикирано наследниикот на Гатузо, Маурицио Сари е првиот избор на Де Лаурентис.

Италија

Со елиминацијата од Лига Европа, Џенаро Гатузо го потроши кредот кај раководството на Наполи, не јасно е дали и кога ќе добие отказ, но следната сезона нема да биде тренер на овој тим.

Според дел од италијанските медиуми, Маурицио Сари е првиот избор на Наполи за нов тренер. Тој во овој клуб помина од 2015 до 2018 година. 

И покрај тоа што не се разделија пријателски, Аурелио Де Лаурентис смета дека Сари е вистинскиот човек кој може да му донесе конкретен успех на Наполи.

„Тутоспорт“ тврди дека Гатузо ќе ја доврши сезоната, но нема да биде тренер на Наполи во следната.

Сари се уште го нема раскинато договорот со Јувентус според кој заработува 6 милиони евра годишно. Договорот му истекува во 2022, ако предвреме го раскине, Јуве ќе му плати 2,5 милиони евра, наместо шест.

Прогнозите се дека тој од идната сезона би го преземал кормилото на Наполи, но не се исклучува можноста до тоа да дојде и порано.