Синоќа заврши првата елиминациона рунда од Лига Европа, 16 екипи продолжуваат понатаму, а денеска ќе ги дознаат противниците за осминафиналето.
Категорија: Лига Европа 26.02.2021 07:27 Прочитано: 460 пати
Денеска од 13 часот во Нион ќе биде извршена ждрепката за следната рунда во Лига Европа.
16 екипи остануваат во натпреварувањето, тие се: Милан, Ајакс, Арсенал, Динамо Загреб, Динамо Киев, Гранада, Манчестер јунајтед, Молде, Олимпијакос, Глазгов Ренџерс, Рома, Шахтар, Славија Прага, Тотнем, Виљареал и Јанг Бојс.
Во ждрепката нема да има никакви привилегии, сите екипи ќе се влечат од еден шешир.
Првите осминафинални натпревари се играат на 11 март, а седум дена подоцна се реваншите.