24фудбал

Динамо повторно го совлада Краснодар, Лестер шокиран од Славија, Роџерс никако да обезбеди осминафинале (ВИДЕО)

Адеми и Ристовски помогнаа Динамо повторно да го совлада Краснодар и со вкупни 4-2 да го продолжи настапот во Лига Европа, Брендан Роџерс никако да обезбеди осминафинале, вечерва Лестер дома беше шокиран од Славија Прага.

Лига Европа

Динамо Загреб продолжува со настапот во Лига Европа, вечерва „модрите“ повторно го совладаа Краснодар, со голот на Орсиќ по поливина час игра, стигнаа до триумф од 1-0 и се пласираа во следната рунда со вкупен резултат од 4-2.

Адеми и Ристовски одново беа стартери и одиграа цел меч против клубот од Русија.

Брендан Роџерс никако да обезбеди осминафинале во Лига Европа. Има по две елиминации во шеснаестфинале со Ливерпул (2012/13 и 2014/15) и Селтик (2017/18 и 2018/19) а вечерва и со Лестер го снајде иста иднина.

„Лисиците“ беа шокирани од Славија Прага, клубот од Чешка со 0-2 победи на Кинг Пауер Стадионот и продолжува на настапот во Европа.

Во осминафинале се пласираше и Јанг Бојс по победата од 0-2 на гости кај Баер Леверкузен, како и Динамо Киев кој со 0-1 триумфираше против Клуб Бриж.

Рома со победа од 3-1 над Брага само го потврди билетот за следната рунда, а Олимпијакос со гол во финишот обезбеди резултат против ПСВ (2-1) доволен за осминафинале.

Манчестер јунајтед против Реал Сосиедад беше единствениот натпревар на кој вечерва немаше голови, „ѓаволите“ одат понатаму откако со 0-4 ја добија првата пресметка.