24фудбал

Куман: Меси прави голема разлика на теренот, а другите...

Барселона славеше убедлива победа над Елче, но холандскиот фудбалски стратег видно незадоволен од учинокот на повеќето негови избраници, со исклучок на првата ѕвезда Меси.

Шпанија

Барселона со 3-0 беше подобра од Елче на свој терен во последниот меч од Примера, а Лионел Меси блескаше на теренот постигнувајќи два погодоци, па така шефот на стручниот штаб на Каталонците, Роналд Куман стави јасно дознаење дека и другите треба да го следат Аргентинецот.

Холанѓанецот пред мечот со Елче јавно ги предупреди поискусните во неговиот состав дека треба да почнат да ја прават разликата на теренот, но Холанѓанецот стави јасно дознаење дека во неговите зборови не станувало збор ни одблиску за Меси, туку за останатите.

Кога говорев во однос на искусните фудбалери, секако дека не говорам за Меси, тој игра постојано на едно високо ниво, постојано постигнува погодоци, другите треба да го следат и да почнат и тие да прават разлика на теренот, тој веќе го прави тоа, истото го стори и на дуелот со Елче“ изјави Куман.