24фудбал

Солшер: Во постојан контакт сум со Халанд, ќе видиме што ќе се случи по Борусија Дортмунд

Максимум десет клубови можат да си го дозволат Халанд, од кои четири се од Премиерлигата, наведе агентот на фудбалерот, Мино Рајола, а сигурно дека еден од тие клубови е воедно и Манчестер јунајтед.

Англија

Предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер не крие дека е во постојан контакт со неговиот сонародник Норвежанец, напаѓачот на Борусија Дортмунд, гол-машината Ерлинг Халанд кој се поврзува со можен трансфер во редовите на „Црвените ѓаволи“.

Солшер соработуваше со младиот напаѓач во Молде и имаше обид од негова страна да го доведе на „Олд Трафорд“, но истиот беше неуспешен откако од Салцбург, Халанд направи трансфер во Борусија Дортмунд, а сигурно дека не погреши во неговата одлука.

Сметам дека кога имате ситуација да некој млад фудбалер поминал покрај вас како тренер, контактот останува, а вие како тренер постојано ќе го следите неговиот напредок“ рече Солшер.

Во постојан контакт сум со Ерлинг, прекрасно е да се види тоа што стана фудбалер каков што е денеска“ додаде тој.

Тој во моментов е фудбалер на Борусија Дортмунд, ние секако му посакуваме сенајдобро во овие моменти таму, ќе видиме што ќе се случи потоа“ заклучи шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед.