24фудбал

Почетни состави: Винисиус, Иско и Асенсио го сочинуваат триото во нападот на Реал Мадрид (ФОТО)

Со вечерашните натпревари ќе се комплетира првата рунда натпревари во рамките на осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Аталанта – Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити, ова се двојките за вечерва со што ќе се комплетира првата рунда натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите, истите пресметки започнуваат од 21 часот.

Познати се проблемите со кои се соочува Реал Мадрид во однос на повеќето повреди во тимот, по што за момент Аталанта се појави и како благ фаворит за вечерашната пресметка против шпанскиот гигант, за обете екипи ова ќе биде прв меѓусебен дуел.

Аталанта вечерва ќе настапи во формација 3-4-1-2, а Шпанците нешто поофанзивни со 4-3-3. Кај домаќинот ќе напаѓаат Запата и Муриел, кај гостинот Винисиус, Иско и Асенсио.


Што се однесува пак до вториот меч за вечерва, јасно е дека Манчестер Сити е голем фаворит против Борусија Менхенгладбах, а Премиерлигашот на овој дуел влегува по една неверојатна серија од 18 победи во низа во сите конкуренции.

Аталанта настапува со формациска поставеност од 3-5-2, а Манчестер Сити 4-3-3. Кај домаќинот ќе напаѓаат претежно Плеа и Штиндл, а кај Премиерлигашот Бернардо Силва, Жесус и Стерлинг го сочинуваат триото од нападот од кои најмногу се очекува вечерва.