Аталанта попладнево соопшти дека починал Вили Та Би, талентираниот фудбалер од академијата ја загубил битката со ракот на црниот дроб.
Категорија: Италија 23.02.2021 23:48 Прочитано: 2181 пати
Аталанта утре има голем дуел против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но денеска пристигнаа тажни вести. „Нероаѕурите“ соопштија дека починал Вили Та Би, 21 годишено момче од академијата.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ја загубил битката со ракот на црниот дроб
„Претседателот Антонио Прекаси и целото семејство на Аталанта длабоко жали за прераната смрт на Вили Брасијано Та Би. Суровата судбина прерано го прекина сонот кој започна со дресот на „нероаѕурите“ во 2019. Му беа потребни само неколку месеци за да се наметне како лидер во Примавера тимот и да помогне Скудетото да биде вратено во Бергамо. Почивај во мир“ – гласеше известувањето.