24фудбал

Гасперини: За Аталанта е гордост што ќе ги одмери силите со клуб како Реал Мадрид

Реал Мадрид е во проблеми со склопување на најдобриот состав за пресметката во Бергамо, а Зинедин Зидан сигурно ќе има проблеми со противничкиот тим кој прикажува голема амбициозност.

Лига на Шампиони

Долга е листата на повредени во составот на „Кралевите“, па Зидан ќе мора со „крпен“ состав утревечер на гостувањето кај Аталанта во првиот меч помеѓу обете екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Со тоа, Аталанта за момент се појави и како мал фаворит за мечот со шпанскиот гигант, а нивниот шеф на стручниот штаб, Џан Пјеро Гасперини не крие дека е горд на фактот што ќе биде на мегдан со тој клуб.

Нам ни беше укажана шансата да одиме по сопствениот пат, а тоа го искористивме, сакаме на реваншот во Мадрид да отпатуваме со добар резултат, утрешниот меч ќе биде повеќе од едно полувреме“ изјави Гасперини.

Реал Мадрид е најуспешниот фудбалски клуб во светот, имаат голема слава зад себе, за Аталанта е гордост што ќе се сретне со клуб од таква големина, потоа доаѓа мечот секако, мораме да бидеме целосно фокусирани“ додава тој.

Нашиот противник има голема традиција во ова натпреварување, премногу се опасни дури и во ситуација да им недостасуваат неколку фудбалери, кој и да излезе на теренот е фудбалер, посакуваме да оставиме добар впечаток“ заклучи Гасперини.