24фудбал

Ростов го испрати Тошевски на позајмица во Тамбов

Давид Тошевски до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Тамбов, Ростов реши да го прати Македонецот на позајмица за да добие поголема минутажа.

Македонија

19 годишниот Давид Тошевски минатото лето се пресели во Ростов од редовите на Работнички во трансфер вреден околу 1 милион евра но до овој момент забележа само скромни шест настапи во првенството на Русија, сите од клупата за резерви и без постигнат гол. Па во потрага на поголема минутажа, „жолто-сините“ го испратија Македонецот на позајмица во Тамбов.

„Давид Тошевски ќе ја продолжи сезоната во Тамбов. Постигнат е договор за позајмица до крајот на сезоната. Му посакуваме на Давид успешни настапи“ - гласеше известувањето.

Тамбов во моментов е на последното место на табелата и се соочува со сериозни финансиски проблеми.