24фудбал

Фудбалерите на Тотнем не се среќни со методите на Мурињо, имаат три замерки

Според пишувањата на Атлетик, фудбалерите на Тотнем не се среќни со методите на Жозе Мурињо, имаат три замерки за тренинг сесиите и подготовките пред мечевите им се здодевни.

Англија

Расте притисикот врз Жозе Мурињо. Тотнем беше прв на табелата на средината од декември, но потоа влезе во лоша серија па „спарси“ сега имаат 23 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити и се на -9 од топ 4 и местата кои носат настап во Лигата на шампиони.

Се говори дека Португалецот е прв фаворт за отказ, Даниел Леви го идентификувал Јулијан Нагелсман како нов тренер на Тотнем, но „специјалниот“ ќе добие четири меча да си ја задржи работата.

Останува да се види дали Жозе Мурињо ќе успее да ја врати сезоната на прав пат, според пишувањата на Атлетик, фудбалерите не се среќни со методите на стратегот.

Тие имаат три замерки за тренинг сесиите, сметаат дека се премногу дефанзивни, премногу се фокусираат на противникот и интензитетот на работа е помал во споредба со оние под водство на Маурисио Покетино.

Исто така, на ѕвездите во соблекувалната им се здодевни и фрустрирачки подготовките пред мечевите.