24фудбал

Лапорта и Фонт внимателни но Тони Фреиша ветува мед и млеко: Барса ќе има 250 милиони евра за купување на...

Тони Фреиша вели дека има договор за продажба на 49% од Барса Корпорејт, пари кои ќе бидат инвестирани на две големи имиња од нападот и еден дефанзивец.

Шпанија

Барселона треба да избере нов претседател, во нормални услови кандидатите ќе ветуваа секакви имиња но „каталонците“ сега се во голема криза, нема пари па кандидатите се внимателни, особено Жoан Лапорта и Виктор Фонт.

Тони Фреиша сепак реши да открие дел од адутите, вели дека има договор за продажба на 49% од Барса Корпорејт, па ќе има пари за засилувања и ангажман на две големи имиња од нападот и еден дефанзивец.

„Подолго време водиме преговори и конечно подадовме рака за продажба на 49% од Барса Корпорејт за 250 милиони евра“ - вели Тони Фреиша.

„За сезоната 2021/22 ќе ги инвестираме парите во две големи имиња од нападот и еден дефанзивец. Барса ќе има конкурентен тим каков што заслужува и каков што навивачите бараат“.

Запрашан за Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд тој вели: „Не сакам да зборувам за конкретни имиња, најдобро е да не се зборува за имиња се додека не е договорен трансферот, но да, можно е да ги купиме. Барса мора да ангажира вакви играчи, кои можат да направат разлика“.