24фудбал

На ПСЖ во Франција не му оди како во ЛШ, во Лига 1 губат и на свој терен (ВИДЕО)

ПСЖ на свој терен загуби со 2-0 од Монако и по 26 одиграни кола се наоѓа на третата позиција во Лига 1.

Франција

За разлика од Лигата на шампионите каде ја победи Барселона на Камп Ноу со 4-1, ПСЖ во француското првенство загуби од Монако на свој терен со 2-0.

Диоп по само шест минути игра донесе водство за Монако од 1-0, а по шест минути игра и во второто полувреме гостите погодија, овој пат Марипан реализира за 2-0 што беше и конечен резултат.

На 12 кола до крајот од сезоната ПСЖ е на третата позиција на табелата со четири бода помалку од првиот Лил и бод помалку од вториот Лион. Монако е четврти и се доближи на само два бода до ПСЖ.