24фудбал

Од Црвена звезда му се извинија на Ибрахимовиќ, ветија ќе го пронајдат лицето кое го навредуваше Швеѓанецот (ВИДЕО)

Ветеранот мечот во Белград го проследи од трибините откако „Росонерите“ настапија во комбиниран состав, но, на трибинскиот простор доби сочни навреди во една прилика, а тоа беше евидентирано.

Останато

Црвена звезда успеа да се избори за реми со резултат 2-2 на домашен терен против Милан во првата пресметка помеѓу овие два клуба во 16 финалето од Лига Европа, но, Златан Ибрахимовиќ имаше непријатни сцени на ова гостување.

Напаѓачот на „Росонерите“ доби сочни навреди откако прослави гол на својата екипа, по што од Црвена звезда мораа да се извинуваат поради овој несакан инцидент.

Седи Златан! П*чко смрдлива, ко*иле, во уста да те е*ам“ се слушнаа навреди од едно лице на трибинскиот простор, а видеото за брзо се рашири по социјалните мрежи, што воедно му создаде проблеми на клубот од Белград кој категорично најави дека ќе го пронајде сторителот.

„Најостро ги осудуваме навредливите коментари кон Ибрахимовиќ за време на натпреварот со Милан, сторивме максимум за да го организираме овој натпревар на едно високо ниво како што доликува на два големи клуба, нема да дозволиме примитивец да го извалка нашето познато гостопримство на нашата земја и народ, а во соработка со надлежните органи ќе го пронајдеме сторителот“ стои во клупското соопштение на Црвена звезда.