24фудбал

ЛЕ: Фернандеш го предводеше Манчестер јунајтед до убедлива победа против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Се одиграа првата рунда натпревари од 16 финалето во Лига Европа, првите натпревари ќе се заокружат со натпреварите кои стартуваат во терминот од 21 часот.

Лига Европа

Манчестер јунајтед со една нога е во осминафиналето од Лига Европа откако во првиот меч кај Реал Сосиедад славеше со убедливи 0-4, а предводник во победата на „Црвените ѓаволи“ беше Фернандеш со два погодоци, одлично издание имаше и Рашфорд кој запиша еден погодок.

Гол серијата за гостите ја започна токму Фернандеш во 27 минута, а во второто полувреме, во 57 минута истиут фудбалер веќе зголеми и на 0-2 со што победата за гостите се надзираше.

Рашфорд во 65 минута зголеми на 0-3, а Џејмс во самата завршница ја потврди убедливата победа поставувајќи ги конечните 0-4 од оваа пресметка.


Од останатите натпревари, ја бележиме победата на Динамо Загреб кај Краснодар со 2-3, а нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ги одиграа сите 90 минути во победата на хрватскиот претставник.

Милан испушти победа во самата завршница од гостувањето кај Црвена Звезда и ремизираше со 2-2, Рома извојува победа кај Брага со 0-2, а сигурен на гостувањето кај Волфсбергер беше Тотнем кој славеше со 1-4.

 

Резултати:

Динамо Киев – Бриж 1-1

Брага – Рома 0-2

Црвена Звезда – Милан 2-2

Краснодар – Динамо Загреб 2-3

Олимпијакос – ПСВ 4-2

Реал Сосиедад – Манчестер јунајтед 0-4

Славија Прага – Лестер 0-0

Волфсбергер – Тотнем 1-4

Јанг Бојс – Баер Леверкузен 4-3

 

Од 21 часот се среќаваат:

Антверпен – Ренџерс

Бенфика – Арсенал

Гранада – Наполи

Лил – Ајакс

Макаби Тел Авив – Шахтер

Молде – Хофенхајм

Салцбург - Виљареал