24фудбал

Мбапе до Алба: Ако те начекам на улица, ќе те убијам! (ВИДЕО)

Камерите на Вамос уловија тензичен момент во шеснаесетникот и дуел помеѓу Килијан Мбапе и Жорди Алба, напаѓачот на ПСЖ на шпански испраќа закана до дефанзивецот на Барселона.

Лига на Шампиони

Тоа што нема публика на трибините придонесува подобро да се слушне што велат играчите на теренот. Медиумите од Шпанија веќе пренесоа за ракцијата на Жерард Пике и навредите и пцовките разменети со Антоан Гризман.

Сега се говори за нов тензичен момент во шеснаесетникот и дуел помеѓу Килијан Мбапе и Жорди Алба.

Наводно напаѓачот на ПСЖ на шпански му се обратил на дефанзивецот на Барса и му порачал: „Ако те начекам на улица, ќе те убијам“.