24фудбал

Гризман: Среќен сум за Мбапе, тој ќе биде како Меси и Роналдо

Иако Мбапе ја потопи Барселона, Антоан Гризман вели дека е среќен поради одличната форма на неговиот сонародник.

Франција

Барселона доживеа тежок пораз откако на Камп Ноу загуби со 3-1 од ПСЖ, Каталонците се пред елиминација од Лигата на шампионите.

Но, Гризман е среќен за Мбапе кој беше главен на вчерашниот натпревар.

„Среќен сум за него. Тој беше многу критикуван, но тоа се случува кога луѓето ќе добијат најголем впечаток за вас“, вели Гризман.

„Кога игра помалку добро, го критикуваме. Но верувам дека ПСЖ има идна ѕвезда, фудбалер кој ќе биде на нивото на Лео и Кристијано. Тој имаше навистина одличен натпревар“.

„Ние требаше да одиграме перфектен меч за да го победиме ПСЖ. Но не одигравме, тие одиграа. Ова е голем пораз“.

„Бевме подготвени, сакавме да играме голем меч, но тие беа подобри од нас, нема што друго да се каже“.