24фудбал

Потенцијалните репрезентативци почнаа со докажување пред Ангеловски (ФОТО)

Почна мини тренинг-кампот кој го организира селекторот Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб со цел да најдат фудбалер кои ќе ја зголемат конкуренцијата во сениорската репрезентација.

Македонија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, почна да ги скенира играчите кои ги повика за мини-кампот кој се одржува овоие денови во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Повиканите играчи ќе имаат шанса пред очите на селекторот да го убедат дека заслужуваат повик во репрезентацијата, а дали некој ќе успее од нив, останува да видиме.

Избраниците на Ангеловски утре ќе одиграат пријателски натпревар против Работнички по што селекторот подетално ќе може да се увери во квалитетот на фудбалерите.