24фудбал

Борусија Дортмунд има нов адут да го задржи Халанд, му донесоа тренер по мерак

Марко Розе ќе ја напушти Борусија Менхенгладбах по крајот на сезоната и ќе го превземе кормилото на Борусија Дортмунд, ова попладнево го соопштија „ждребињата“.

Германија

Борусија Дортмунд има нов адут во намерата да го задржи Елринг Халанд, го донесоа тренерот под чие водство Норвежанецот дебитираше во РБ Салцбург и се промовираше на европската сцена.

44 годишниот стратег решил да ја искористи клаузулата која му дава можност летоска да си замине од Борусија Менхенгладбах и да се пресели на „Сигнал Идуна Парк“.

„Милионерите“ се уште не ја потврдиле информацијата, но тоа го сторија „ждребињата“ со кратка објава на социјалните мрежи.

„Марко Розе реши да замине од Гладбах на крајот од сезоната и да се пресели во Борусија Дортмунд“ - гласеше известувањето.

Директорот Макс Еберл рече: „Изминативе недели често разговаравме но за жал тој реши да ја активира клаузулата со која летоска ќе се ослободи од договорот“.