24фудбал

Кабак имаше деби за заборав, Алисон повторно киксираше, Ливерпул се распадна за 7 минути (ВИДЕО)

Ливерпул загуби на гостувањето кај Лестер, Салах донесе водство но избраниците на Клоп во финишот од мечот се распаднаа и примија три гола.

Англија

Лестер по речиси четири години се радува на победа над Ливерпул на домашен терен. Домаќините имаа негатива, но во финишот ја искористија лошата игра на гостите во одбрана и дури три пати ја тресеа мрежата во период од 7 минути.

Двете екипи имаа свои шанси, но за првиот гол се чекаше дури до 67. минута, кога Фирмино атрактивно остави за Салах, а Египјанецот од место прецизно пласираше за 0-1.

Десетина минути подоцна Мадисон изедначи на 1-1. Анличанецот изведе слободен удар од работ на шеснесетникот, сите ја промашија топката и таа заврши во мрежата. Во прв момент беше кренато знаменцето за офсајд, но со ВАР голот беше потврден.

Потоа следуваше едно недоразбирање помеѓу Кабак и Алинсон, двајцата се судрија надвор од шеснаесетникот и му овозможија на Варди да погоди за 2-1 во 81. минута.

Во 85. минута, Кабак забрави на својот играч, Барнс доби топка во фор и го матираше Алисон за 3-1 и огромна радост на Лестер.