24фудбал

Упамекано го одбра Баерн Минхен

Се веруваше дека со доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, кој инаку е голем обожовател на играта на дефанзивецот, тимот од Лондон ќе го засили интересот за неговиот потпис, меѓутоа неговата иднина извесно е дека е вон Островот.

Германија

Германскиот првак Баерн Минхен е во пол позиција за потписот на централниот дефанзивец на Лајпциг, Дајот Упамекано кој долг период се поврзуваше со можен трансфер во англискиот шампион Ливерпул, а се споменуваше и Челси.

Новинарот на „РМЦ Спорт“, Лоик Танзи веќе објави дека 22 годишниот стопер ја донел финалната одлука околу својата иднина, а наводно тој го одбрал Баерн Минхен, а „Баварците“ не би имале никаков проблем во тоа да ја исплатат неговата откупна клаузула во висина од 42 милиони евра.

Упамекано долго беше на радарот на „Баварците“, а тие во него гледаат идеална замена за Давид Алаба, кој на лето си заминува како слободен играч на трансфер пазарот.