24фудбал

Неверојатни 15 месеци, Ханси Флик има повеќе титули отколку порази!

Ретко кој очекуваше ваква доминација на Баерн Минхен под водство на Ханси Флик, тренерот има неверојатни 15 месеци со повеќе освоени титули отколку порази.

Германија

Потегот на Баерн Минхен да му врачи отказ на Нико Ковач во ноември 2019 и да го ангажира Ханси Флик се покажа како полн погодок.

„Баварците“ газат под водство на Ханси Флик, вечерва го совладаа Тигрес во финалето на Светското клупско првенство и станаа само вториот тим по оној на Барселона предводен од Пеп Гвардиола кој освоил шест трофеи во една година.

Ретко кој очекуваше ваква доминација и неверојатни 15 месеци во кои Ханси Флик има повеќе титули (шест) отколку порази (пет). Германецот на 68 натпревари на кормилото на Баерн има 58 победи, 5 нерешени натпревари и 5 порази.

На овие 68 натпревари, Баерн постигна 210 погодоци, или во просек нешто над три погодока на натпревар. Секоја чест.