24фудбал

И мечот меѓу Бенфика и Арсенал доби неутрален терен

УЕФА потврди дека натпреварот од Лига Европа меѓу Бенфика и Арсенал ќе се игра на Олимпико во Рим.

Лига Европа

Бенфика наместо во Лисабон, на Олимпико во Рим ќе го пречека Арсенал. Мечот се игра на 18 февруари од 21 часот.

Ова е трет натпревар од Лига Европа кој добива нов термин.

Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед ќе играат во Торино, а Молде и Хофенхајм во Виљареал.

Во Лигата на шампионите пак дуелите Менхенгладбах - Манчестер Сити и Лајпциг - Ливерпул ќе се играат во Будимпешта.