24фудбал

„Франс фудбал“ тврди, Меси во следната сезона ќе игра за ПСЖ (ФОТО)

Реномираниот француски фудбалски магазин, „Франс фудбал“ кој ја доделува Златната топка, излезе со насловна страна од Лионел Меси во дресот на ПСЖ.

Франција

„Франс фудбал“ тврди дека ПСЖ е единствената опција за Меси и во следната сезона тој ќе настапува за францускиот клуб.

Покрај ПСЖ, интерес за Меси има и од Манчестер Сити, но во францускиот клуб има повеќе Аргентинци, почнувајќи од тренерот Покетино, па фудбалерите Ди Марија и Паредес, но и неговиот пријател од Барселона, Бразилецот Нејмар.

Адут на Манчестер Сити е Пеп Гвардиола.

Магазинот тврди дека Меси на годишно ниво ќе заработува неверојатни 75 милиони евра кои ќе му бидат исплаќани од различни фондации. Таа сума е со вклучени бонуси.

Меси од јануари веќе може да преговара со други клубови, па се очекува во наредните месеци да биде и дефинитивно познато каде понатаму. Се верува дека тој има три опции, да остане во Барселона или да се пресели во ПСЖ или Манчестер Сити.