24фудбал

ПСЖ реши една дилема, Нејмар останува во Париз до 2026 и ќе биде еден од најплатените во светот

Голем број на извори пренесуваат дека Нејмар и ПСЖ се договориле за продолжување на соработката, Бразилецот ќе се оврзе кон „светците“ до 2026 година и ќе биде еден од најплатените во светот.

Франција

ПСЖ реши една дилема, Нејмар останува во Париз. Попладнево, ТНТ Бразил и добро упатениот новинар Марсело Бешлер пренесоа дека напаѓачот е многу блиску до потпис на нов договор, официјалната потврда може да пристигне уште оваа недела.

Извештајот вели дека Нејмар ќе се обврзе кон ПСЖ до 2026 година и ќе биде еден од најплатените во светот.

Информациите од Бразил потоа беа потврдени од уште неколку извори во Европа.

ПСЖ сега ќе се насочи кон преговорите со Килијан Мбапе и ќе имаат еден адут повеќе во обидите да го убедат младиот Французин дека ќе имаат големи амбиции во иднина.