24фудбал

Гори тренинг центарот на Марсеј, навивачи се обидуваат на сила да влезат (ВИДЕО)

Неколку стотина навивачи на Марсеј во знак на протест попладнево се појавија пред тренинг центарот на клубот, запалено е дрво на влезот а неколкумина успеале да влезат и внатре.

Франција

Незадоволни од случувањата во клубот, неколку стотина навивачи на Марсеј денеска протестираа и се појавија пред тренинг центарот. Биле употребени димни бомби  и пиротехнички средства и било запалено дрво пред влезот.

Навивачите се обидела на сила да влезат и се говори дека неколкумина ја пробиле влезната врата и успела да влезат во тренинг центарот. Во моментов е нејасно дали играчите на Марсеј и тренерскиот персонал се таму, вообичаено престојуваат во пресрет на домашните натпревари, а вечерва играат против Рен.