24фудбал

Само Меси има дадено повеќе голови од слободен удар од Барди откако тој е во Шпанија

Опта извади статистика дека само Меси шутира подобро слободни удари од Енис Барди во моментов во Шпанија.

Шпанија

Синоќа Барди постигна мајсторски гол од слободен удар, против Леванте, а Опта извади интересна статистика.

А таа вели дека откако Барди пристигна во Шпанија, само Меси има дадено повеќе голови од него од слободен удар во сите натпреварувања.

Меси има дури 21 гол од слободен удар во тој период, Барди има седум, трет е Парехо со шест.