24фудбал

Сити постигна нов контроверзен гол, Пеп вели: Ги разбирам играчите на ВБА и нивните жалби, ова нека биде лекација за нас

Манчестер Сити постигна нов контроверзен гол, помошникот судијата крена знаменце за офсајд и додека играчите на ВБА застанаа, Кансело продолжи да игра и прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот.

Англија

„Граѓаните“ имаа конроверзен погодок против Астон Вила поради кој ќе се игра по нови правила до крајот на сезоната и до судиите се дадени нови насоки за толкување на офсајд правилото.

Сепак, вечерва имаше нов спорен момент во победата од 0-5 над ВБА. При голот за 0-2, помошник судијата го крена знаменцето за да сигнализира офсајд на Бернардо Силва, и додека домашните играчи застанаа, гостите продолжија да играат и Кансело прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот.

ВАР потоа потврди дека позицијата била регуларна, но играчите на ВБА и тренерот Сем Алардајс протестираа. По крајот на натпреварот Пеп Гвардиола рече дека ја разбира ваквата реакција.

„Ги разбирам играчите на ВБА и нивните жалби. Но многу пати на мојот тим му имам кажано дека мора до крај да се испрати акцијата бидејќи ВАР има големо влијание на играта. Гол кој е поништен може да биде признат и обратно, гол кој судијата го признал може да биде поништен со ВАР. Ова е добра лекција а нас, ќе разговараме одново, чим се случи на ВБА, може да ни се случи и на нас“ - вели тренерот на Сити.

Фудбалерите на ВБА сепак сносат дел од вината бидејќи главниот судија не се огласи, а се дур не се слушне неговото свирче, се игра на теренот.