24фудбал

Лампард се огласи по отказот од Челси

Френк Лампард ги даде првите коментари по отказот од Челси, стратегот вели дека жали што не добил време да го искачи клубот на едно повисоко ниво.

Англија

„Сините“ денеска решија да се разделат со својата икона, по 18 години на кормилото, Френк Лампард доби отказ. Англичанецот вечерва ги даде првите коментари, асоцијацијата на тренери објави соопштение во негово име.

„Ми беше огромна привилегија да бидам тренер на Челси, клуб кој долги години е огромен дел од мојот живот“ – пишува Френк Лампард.

„Најпрво би сакал да им се заблагодарам на навивачите за неверојатната поддршка која ја добив изминативе 18 месеци. Се надевам знаете колку многу ми значи тоа“.

„Кога го превзедов кормилото на Челси, знаев каков предизвик ме чека во тешки времиња за клубот. Горд сум на успехот кој го постигнавме, горд сум на играчите од академијата кои се пробија во првиот тим и се промовираа во добро светло. Тие се иднината на клубот“.

„Разочаран сум што не добив време оваа сезона да го однесам клубот чекор нанапред и на едно повисоко ниво“.

„Сакам да му се заблагодарам на господинот Абрамович, на бордот, на играчите, на тренерскиот персонал и на сите во клубот за напорната работа и посветеност, особено во овие досега невидени и предизвикувачки времиња“.