24фудбал

Поразот од Алкојано повторно го затресе столчето на Зидан

По синоќешната елиминација на Реал Мадрид од шпанскиот куп од третолигашот Алкојано, повторно се отвори дебатата дали Зинедин Зидан треба да добие отказ.

Шпанија

По серијата победи, Реал Мадрид повторно влезе во лош период. Одигра реми со Елче и Осасуна, загуби од Атлетик Билбао, а синоќа беше елиминиран од шпанскиот куп од тим од третата лига и тоа со играч повеќе.

Ситуацијата на Зидан одново е непријатна, „АС“ веднаш објави анкета со прашање дали Зидан треба да продолжи да биде тренер на Реал Мадрид, засега дури 60% сметаат дека тој треба да добие отказ.

На Зидан му се замерува и за тоа што не можеше да го извади најдоброто од скапите инвестиции ина клубот. Пример, Милитао кој е платен 50 милиони евра одигра само 344 минути, Јовиќ за 32 меча постигна само два гола, а се врати во Ајнтрахт и повторно почна да дава голови, и Одегард кој побара да си замине.

Во моментов има неколку слободни тренер, Томас Тухел и Масимо Алегри се имињата кои се поврзуваат со сите големи клубови во кои тренерот е загрозен.

Зидан би требало да добие уште време за да си ја спаси работата, Реал Мадрид нема тежок распоред во наредниот период, но ако не се промени формата не се исклучува ниту можноста наскоро да биде отпуштен.