24фудбал

Играчите на Алкојано не договориле премија, на никого на памет не му паѓало дека можат да го елиминираат Реал Мадрид

Играчите на Алкојано ќе мора да седнат на маса со раководството откако не била договорена премија за победа над Реал Мадрид бидејќи никој не очекувал дека можат да го совладаат шампионот на Шпанија.

Шпанија

Фудбалот знае да испише убави приказни а токму тоа вечерва му се случи на малиот Алкојано. Третолигашот, кој има буџет од нешто над 700.000 евра го елиминираше Реал Мадрид во Копа дел Реј.

Ова е голема сензација во која очигледно не верувале ниту самите играчи на Алкојано па не договориле премија за победа.

„Не договоривме премија. Никој не го очекуваше ова“ - вели претседателот Анотнио Хустисија.

Стрелецот на победоносниот гол Хуанан додава: „Никогаш не стана збор за премии, но тоа мора да се промени, мора да преговараме одново“.