24фудбал

Манчестер Сити славеше против Астон Вила и се израмни со Лестер на врвот, но ќе има поплаки за првиот гол (ВИДЕО)

Составот на Дин Смит одлично му парираше на фаворитот, па сигурно дека тимот од Бирмингем ќе биде во голема мера разочаран од исходот, дополнително, од таму сигурно ќе има бурни реакции за водечкиот гол на „Граѓаните“.

Англија

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога на домашен терен во пресметката против доста незгодната сезонава, Астон Вила, а со тоа „Граѓаните“ славеа со 2-0, меѓутоа домаќинот се мачеше да дојде до водечкиот гол, односно да го скрши отпорот на гостинот.

Бернардо Силва во 79 минута погоди за почетно водство на домаќините кои постојано атакуваа на тоа водство, меѓутоа за овој гол големи негодувања имаше од клупата на Астон Вила ако се земе во предвид дека Родриго беше во недозволена позиција претходно, па дури не реагираа ниту од ВАР собата за да ја разгледаат оваа ситуација.

Предводникот на гостинскиот табор збесна на оваа одлука, па доби црвен картон откако претходно се здоби со жолт картон, но реакциите од негова страна не престанаа па беше испратен на трибините.

Во самата завршница Гундоган од пенал донесе и водство од 2-0 со што се потврди победата на Манчестер Сити откако Мети Кеш играше со рака во казнениот простор.


По оваа победа Манчестер Сити се искачи на делба на првото место на табелата во Премиерлигата заедно со Лестер со по 38 бода, но „Граѓаните“ имаат и меч помалку. Со евентуална победа вечерва на гостувањето кај Фулам, Манчестер јунајтед (37) може повторно да го преземе лидерското место на табелата.