Нашиот младински репрезентативец е на листата на желби на турскиот гигант кој веќе почнал преговори со Работнички, но истовремено како заинтересирана страна се јавува и Динамо Загреб од Хрватска.
Категорија: Македонија 20.01.2021 20:16 Прочитано: 273 пати
По успешната приказна со Елиф Елмас, кој токму од Работнички се пресели во редовите на турскиот гигант Фенербахче, за потоа да следи трансфер во Наполи, клубот од Истанбул сега му фрли око на уште еден „Романтичар“, и тоа Лука Станковски.
18 годишниот фудбалер од средниот ред за брзо време го привлече вниманието крај себе откако на 15 настапи за Работнички успеа да постигне седум погодоци, а истовремено да придодаде уште и две асистенции.
Нашиот младински репрезентативец, односно член на селекцијата за фудбалери до 19 години има активен договор со клубот од Дебар Маало до 2022 година, а турските медиуми веќе известија дека Фенербахче почнал преговори околу евентуален негов трансфер.
Освен со Фенербахче, како што известува турски „ТРТ Спорт“, Работнички преговара за услугите на Станковски и со Динамо Загреб.