24фудбал

Претставници на Челси преговараат со потенцијалниот наследник на Лампард

Столчето на Лампард силно се тресе, веќе сериозно се пишува за неговиот можен наследник, на листата има неколку, но фаворит е Томас Тухел.

Англија

Се чини дека само прашање на време е кога Лампард ќе добие отказ од Челси. Последните информации велат дека претставници на Челси контактирале со агентите на Томас Тухел. 

Се уште нема конечен договор, но Германецот се посочува како главен фаворит за наследниик на Лампард.

Дел од другите кандидати се Андреј Шевченко, Масимо Алегри и Хулијан Нагелсман.