24фудбал

Сериозно засилување за Брегалница, штипскиот клуб потпиша со Муарем Муарем

Брегалница цели кон враќање во Првата лига, а показател за нивните амбиции е ангажманот на поранешниот македонски репрезентативец, Муарем Муарем.

Македонија

Муарем Муарем кој потекнува од школата на Работнички, но најголемиот дел од кариерата го помина во странство, сега е нов член на Брегалница.

„32-годишниот Муарем, кој е со исклучително богата интернационална кариера, потпиша договор до јуни 2022 година, со можност за продолжување на истиот за уште две години“, стои во соопштението на Брегалница.

Муарем Муарем има седум настапи за сениорската репрезентација на Македонија, играше и за сите младински селекции. Покрај Работнички во нашата земја играше и за Скопје, Работнички, Тетекс и Шкупи, а во странство ги бранеше боите на Ордуспор, Ескишехир, Карабах, Актобе и Фљамуртари.

„Ангажиравме фудбалер од репрезентативен калибар, согласно добро познатите амбиции на клубот. Ако е добро познато дека Брегалница е исклучително млада екипа, ни беше неопходен искусен фудбалер како можност и за напредок на младите фудбалери. Искуство, стабилност и лидерство се носи во екипата со ангажманот на Муарем, нешто кое ни недостасуваше изминатиов период“ - истакна спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев.