24фудбал

ВАР не досуди пенал за Реал во 98. минута, Атлетик Билбао ќе игра финале против Барса (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ја доби пресметката со Реал Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, избраниците на Зинедин Зидан доцна се разбудија и загубија со 1-2.

Шпанија

Атлетик Билбао ќе се бори со Барселона за трофејот од Суперкупот на Шпанија, вечерва „баскијците“ со 1-2 го совладаа Реал Мадрид.

Раул Гарсија го отвори резултатот во 18. минута, истиот играч потоа во 38. минута погоди од белата точка за 0-2.

Реал се разбуди во продолжението од мечот, почнаа да се редат шанси, Асенсио два пати ја погоди рамката од голот а Бензема во 73. минута постигна гол, кој во прв момент беше поништен поради офсајд, но со помош на ВАР беше признат.

Французинот и по втор пат ја затресе мрежата, но и овој гол беше поништен. 

Драмата продолжи длабоко во судиското надополнување, ВАР во 98. минута прегледуваше пенал за старт на Весга врз Рамос, но ништо не беше досудено.