Во натпревар кој траеше 120 минути, Јувентус со 3-2 ја победи Џенова и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија.
Категорија: Италија 13.01.2021 23:22 Прочитано: 250 пати
Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Кулушевски реализириаше за водство на Јувентус од 1-0.
Во 23. минута прекрасна асистенција од Кулушевски за Мората кој реализира за предност од 2-0. Во тие моменти се чинеше дека Јувентус лесно ќе дојде до победата.
Но пет минути подцна Чибора погоди со глава за намалување на 2-1, ја врати Џенова во игра а на 15 минути до крајот Мелегони постигна прекрасен гол за 2-2. Со тој резултат заврши регуларниот дел од мечот.
Победничкиот гол за Јувентус дојде во 105. минута кога по додавање од Мората погоди Хамза Рафиа за 3-2.
Јувентус во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Сасуоло и СПАЛ.