24фудбал

Фоден му донесе победа на Манчестер Сити над Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со минимални 1-0 го победи Брајтон, Фил Фоден беше херојот на граѓаните, Стерлинг во судиското продолжение промаши пенал.

Англија

Манчестер Сити дојде до трите планирани бода, но не беше нималку лесно, Брајтон се покажа како тврд орев и прими само еден гол.

Клучниот момент се случи во 44. минута кога по додавање од Де Брујне, Фил Фоден постигна убав гол за водство од 1-0 кое беше и конечен резултат.

Во судиското продолжение од мечот Стерлинг имаше шанса од пенал да му донесе поубедлива победа на својот тим, но го промаши целиот гол.