24фудбал

Куман не отстапува од идејата, Вајналдум и Депај и натаму остануваат приоритет

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман се верува дека и натаму е убеден дека може да ги ангажира Геогино Вајналдум од Ливерпул, како и Мемфис Депај од Лион на лето, инаку на обајцата им истекуваат договорите тој период.

Шпанија

Познато е дека Барселона мошне тешко е погодена од финансиски гледна точка поради пандемијата со коронавирусот, а сигурно дека Каталонците ќе мораат на еден посебен начин да бараат адекватни засилувања во својот тим, извесно е дека првично ќе се бараат фудбалери кои ќе бидат слободни на трансфер пазарот.

Се верува дека Куман и натаму не отстапува од ангажман на Вајналдум и Депај, неговите сонародници со кои сака освен на репрезентативен план со Холандија, да соработува и на клупски план.

Актуелниот договор на Вајналдум со Ливерпул истекува на лето, а тој уште сега може да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис, од друга страна пак, идентична е ситуацијата и со Депај.

Од друга страна, истовремено желба е воедно и Ерик Гарсија од Манчестер Сити, тој наводно е близу преселба на „Камп Ноу“ уште овој месец.