24фудбал

Самуел Ето го одбра наследникот на Меси во Барселона

Легендарниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето верува дека Ансу Фати ќе биде следната голема ѕвезда на Барселона и тој треба да биде наследникот на Меси.

Шпанија

Меси се уште не го кажал последниот збор, но силно се шпекулира дека ја игра последната сезона и веројатно ќе замине во летниот преоден рок.

Тешко е да се замени Меси, веројатно невозможно, но Ето смета дека Ансу Фату ќе биде следната ѕвезда на Барса.

„Мислам дека Ансу Фати е иднината на Барселона. Тој и сега прави неверојатни работи па мислам дека клубот треба да му посвети големо внимание. Ајде да се надеваме дека тој ќе биде наследникот на Меси“, вели Ето.