24фудбал

Пеле си ја смени биографијата на инстаграм откако Роналдо му го помина рекордот, па беше распнат на твитер (ФОТО)

Бројката на голови која ја има постигнато Пеле според него е многу поразлична од официјалната, па тој не признава дека има подобар стрелец од него, а тоа наиде на многу комични реакции на твитер.

Јужна Америка

Изминатиот викенд со двата гола протиив Удинезе, Кристијано Роналдо дојде до бројка од 758 официјални голови, што е за еден повеќе од Пеле.

Но бразилската фудбалска легенда не признава дека дал 757 голови, туку неговата бројка е многу, многу поголема 1,283 погодоци.

Откако беше престигнат од Роналдо, Пеле си ја смени биографијата на инстаграм и напаша дека е најдобар стрелец на сите времиња со 1,283 голови.

Ваквиот негов потег наиде на голем потсмев на социјалните мрежи, па твитерџиите го тролаа на брилијантен начин.